| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени двајца сериски провалници во станови

kradec

Две лица од Скопје добија кривична пријава бидејќи, ограбиле четири стана во скопската населба Кисела Вода, соопштува полицијата.

Дваесет и тригодишниот Е.Х. и 27-годишниот Н.Д. од Скопје, во три случаи кражбите ги извршувале со подесен алат и сила делувајќи помеѓу крилото и касата во делот на бравата од влезната врата при што ја отварале и влегувале внатре, а во еден случај со прекачување на тераса делувале со погоден алат на балконската врата при што ја отварале и влегувале внатре во становите.

Тие од становите одземале разна техничка стока и тоа телевизори, монитор и куќиште за компјутер, четири лап-топа различни марки, плеј стејшн, пари и други предмети, кои потоа ги препродавале на други лица за многу пониски цени од реалните, а дел од украдените предмети ги заложувале во заложни куќи за што добивале пари кои потоа ги трошеле за свои лични потреби.

Четирите тешки кражби се извршени на подрачје на ПС од ОН Кисела Вода во различен временскиот период од рано наутро до доцна во ноќта и тоа во станови на улиците “Михаил Чаков“, “Петар Дељан“, “Божидар Аџија“ и “Сава Ковачевиќ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top