| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ: Размена на територии ќе донесе траен мир во регионот

dacic

Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјавил дека Косово е посебна територија, но не и независна држава и оти неговиот актуелен статус е само привремено решение, пренесува Дневник.

– Ние прифаќаме дека Косово е една посебна територија, но не и независна држава. Србија посакува да учествува во регулирањето на животот на оваа посебна територија, – изјавил Дачиќ.

Во интервју за црногорската телевизија „Атлас“, Дачиќ оценил дека само размената на територи, Прешевската Долина со северниот дел на Косово, ќе обезбеди стабилен мир во регионот.

-Размената на територии е трајно решение за регионот,решение за траен мир, – нагласил српскиот премиер, додавајќи дека Албанците сакаат да купат територии и во други држави.

Во интервјуто, кое Дачиќ го дал за време на неговата посета на Подгорица, како што пренесуваат албанските медиуми, рекол дека Србија и Косово не се непријатели.

„Јас не сум непријател со Тачи.Тој е само мој противник, – рекол Дачиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top