Американскиот милијардер Џорџ Сорос, кој неодамна го прослави својот 83-ти роденден, се жени по третпат.
Сорос кој има своја фондација и во Македонија е под истрага на американската комисија за хартии од вредност.
Избраничката на познатиот американски инвеститор, чие богатство експертите од списанието „Форбс“ го проценуваат на 20 милијарди долари, е 42-годишната Тамико Болтон.
До неодамна таа се занимавала со продажба на прехранбени производи преку интернет, а подоцна основала компанија, која дава онлајн вежби по јога..
Болтон, на која ова ќе и биде втор брак, се запознала со Сорос во 2008 година, а веридбата им била објавена во август минатата година.
Свадбата, според американските медиуми, ќе трае цели три дена. Свеченоста започна синоќа во Музејот за современа уметност во Менхетн. Младоженците денеска ќе се заколнат на верност на голема церемонија, која ќе се одржи на имотот на Сорос во Бредфорд, во близина на Њујорк.
На вечерашниот прием се очекува да присуствуваат околу 500 гости, меѓу кои претседателот на Светска банка, неколку државни лидери, како и голем број познати бизнисмени и политичари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.