| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во Швајцарија – Металург ни ги кинеше нервите, но сепак победи со 23-22

И покрај неизвесноста до последните секунди ракометарите на Металург со победа ја започнаа новата сезона во Лигата на шампионите.

Металург го победи Тун со 23-22 , полувреме 13-9 за нашиот тим и со тоа со тешки маки  ја оправда фаворитската улога.

И покрај тоа што водеше и со 5 разлика на неколку минути пред крајот во финишот на натпреварот со серија на грешки за малку ќе ја доведеше во прашање победата.

Тун имаше серија од 5-1 но на крајот Металург победи со еден гол разлика.

Голманот Станиќ имаше  18 одбрани и беше еден од најдобрите поединци на теренот, блескаше и Наумче Мојоски.

Следен противник на Металург е ПСЖ , најскапиот тим во ракотната лига на шампиони кој денеска го победи Динамо од Минск со 34-30.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top