| четврток, 6 декември 2018 |

Нирнберг ја сопре серијата победи на Борусија Дортмунд (видео)

Екипата на Нирнберг ја сопре победничката серија од 5 натпревари на ланскиот вицешампион Борусија Дортмунд со реми, 1-1 во шестото коло од Бундеслигата.

Бекот Шмелцер му донесе предност на тимот од Дортмунд, а за еден бод на домаќинот се погрижи Нилсон. Убедлив пораз од 1-4 претрпе Мајнц на нашиот интернационалец Николче Новески. Тој го одигра целиот меч, но одбраната на домашниот тим не успеа да ги сопре Крузе, Кислинг и Бендер кои беа стрелци за Баер Леверкузен.

Хановер и Волфсбург забележаа идентични победи од по 2-1 против Аугсбург, односно Хофенхајм, а Вердер го изненади Хамбургер на гости и славеше со 2-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top