Кошаркарот на Реал од Мадрид и македонски репрезентативец Андреј Магдевски беше дел од младинскиот „Ол стар“ натпревар [што се одигра во како егзибиционен дел од Европското првенство што се одржува во Словенија.
Магдевски на натпревар за играчи до 18 години на теренот мина помалку од 14 минути и постигна 5 поени со 1/3 за два поена и со една тројка од два обиди. Притоа Магдевски имаше и еден скок, 3 асистенции, 3 грешки и 2 украедени топки.
Магдевски настапи за екипата на „сините“ која постигна победа на овој ревијален натпревар против „белите“ со 74:69.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


