Кралскиот кошаркарски клуб кој пред неколку дена од Партизан од Белград го купи „македонскиот бисер“ како што шпанските новинари го нарекуваат Младиот Магдевски, вчера потпишал договор и со Гркот Бурусис.
Центарот на грчката репрезентација досега играше за Емпорио Армани од Милано а кариерата ја започнал во атински АЕК од каде преминал и со успех играл за Олимпијакос.
Висок е 2 метри и десет сантиметри и треба да биде замена за босанецот Мирза Бегич кој од Мадрид се сели во Фенербахче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.