| четврток, 6 декември 2018 |

Спанулис нема да настапи на ЕП во Словенија?

Грчките медиуми објавија дека Василис Спанулис ги прекинал подготовките на националниот тим поради повреда на грбот

spanulis

Постои голема веројатност најдобриот кошаркар на Грција, Василис Спанулис, да го пропушти Европското првенство во Словенија. Како што објави atleticradio.gr, тој го напуштил националниот состав, кој се наоѓа во Стразбур на подготовки, и се вратил во Атина на дополнителни медицински прегледи откако се пожалил на болки во грбот.

Грчкиот најдобар кошаркар нема да биде дел од пријателските средби кои неговата селекција ќе ги одигра во наредниот период, со цел побрза рехабилитација од повредата. Медицинскиот тим најави дека ќе стори сѐ за да го оспособи овој играч за настап на ЕП во Словенија.

Грција на континенталниот собир, кој ќе се одигра следниот месец, се наоѓа во Групата Д, заедно со селекциите на Турција, Русија, Италија, Шведска и на Финска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top