| четврток, 6 декември 2018 |

Гигантот Барселона и непријатната традицијата огромен предизвик за Вардар

Македонскиот ракометен шампион Вардар има огромен предизвик пред себе на денешниот натпревар против гигантот Барселона во првото коло од Ц групата во Лигата на шампионите. Треба да се сопре моќната машинерија предводена од Кирил Лазаров и Никола Карабатиќ, а битката е против состав што на импресивен начин ја почна сезоната. Барса постигна дури 85 гола на два натпревари во Шпанија, има амбиции да игра на фајнал-фор турнирот и да атакува на нов европски трофеј, а има и квалитет да ја оствари целта.

Вардар ќе се обиде да се спротивстави и на Барселона и на непријатната традиција која вели дека шпанскиот првак никогаш не загубил во Скопје, ниту меч против македонски тим. На трипати во двомечите со Вардар Каталонците беа подобри и победија, а ги добија и двете последни средби со наш тим, против Металург во Лигата на шампионите. Осум натпревари и осум победи за гигантот, кој има и 8 европски титули.

И сега се апсолутни фаворити, но Вардар си има свои адути. На официјалниот сајт на РК Барселона по грешка е најавен меч во СРЦ „Кале“, а ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“, пре полна сала и навивачи кои се темпераментни и секако ќе бидат осми играч на домашниот тим. Сите билети се продадени, а симпатизерите на Вардар најавуваат спектакуларна атмосфера и огромна подршка за „црвено-црните“.

Може ли Барса да падне во Скопје, а со тоа и лошата традиција од 8 порази на македонските тимови против најтрофејтниот ракометен колектив на планетата, сметајќи ги европските трофеи од ЛШ?. Ова ќе им биде петти дуел во Скопје, а ги очекува уште еден против Металург во рамките на истата Ц група од најновото изданеие на Лигата на шампионите.

 

Зоран Поповски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top