
59 годишната скопјанка Н.Р. заработи кривична пријава поради сомневање дека со цел да стекне право на инвалидска пензија, во септември 2007 година до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување доставила барање за остварување право на пензија во прилог на кое доставила фалсификувана медицинска документација на нејзино име.
Врз основа на документацијата, Комисијата за оцена на работна способност утврдила дека постои причина за инвалидност и врз основа на ова од страна на Фондот и било одобрено користење на инвалидска пензија.
Во периодот од февруари 2008 година до февруари 2013 година пријавената, според МВР, врз основа на исплатените пензии се стекнала со противправна имотна корист во вкупен износ од 529.732 денари, сума за која го оштетила Фондот за ПИОМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?


