Првите оперативни информации поврзани за убиството на припадникот на ЕУЛЕКС, Литванецот Аудријус Шенавичиус (35) укажуваат дека станува збор за професионален убиец. Непосредно по убиството во откривањето на сторителот, биле користени и кучиња, а трагите воделе кон српските села, но никој не ја исклучува можноста убиецот да е од албанска националност.
Припадниот на ЕУЛЕКС е застрелан од огнено оружје во главата и стомакот, а подлегнал на повредите во болницаво Косовска Митровица. Во нападот беа повредени уште тројца службеници.
Сомнежите дека станува збор за професионалец ги поткрепуваат наводите дека е пукано на возило со припадници на мисијата, а не на возило кое се движело напред во кое биле припадниц на косовската полиција. За причините за нападот има неколку неофицијални верзии. Една е дека ова е обид за дестабилизација на северниот дел на Косово пред изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации