| четврток, 6 декември 2018 |

Принцот Вилијам во лов на убијците на мајка му Дајана

princ vilijam

Принцот Вилијам се откажал од службата во војската како пилот за спасувачки операции, за да може да се посвети на откривањето на убијците на неговата мајка принцезата Дајана.

Магазинот Глоуб пишува дека Војводата од Кембриџ сака да им се одмазди на одговорните за убиството на принцезата, а во тоа му помага неговата баба, кралицата Елизабета со која секогаш бил близок. Според весникот, Елизабега веќе наредила да се поведе истрага која е под нејзино водство која треба да ги истражи информациите кои се појавија во изминатите години, а кои не се поклопуваат со официјалните тврдења на Скотланд јард.

princess_diana_murder1

Минатиот месец Скотланд јард потврди дека разгледува тврдења дека смртта на принцезата Дајана била всушност предизвикана од оперативци на британската специјална единица САС.

Обвинувањата беа обелоденети во новата книга на Алан Пауер кој цитира изјава од неидентификуван поранешен член на единицата. Причината за убиството била да се спречи принцезата да објави срамни информации за нејзиниот поранешен сопруг принцот Чарлс. Скотланд јард тврди дека е јасно оти нема повторно да се отвора истрага, но само ги разгледува новите тврдења за да утврди дали вреди да се продолжи со истрага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top