Жозе Мурињо не го менува незгодниот карактер и кога губи и кога победува. Челси не игра добро, загуби два натпревари, но „Специјалниот“ не се предава. На прашањето на новинарот на BBC, дали Челси е во криза, стаса интересен одговор од Мурињо.
„За каква криза зборувате? За таа во Сирија? За мене и за Челси нема криза, само загубивме два обични натпревари“, одговори Мурињо. Денеска против Фулам, Португалецот и неговите пулени имаат шанса да ја прекинат мини-серијата од два порази против Евертон во Премиерлигата и од Базел во Лигата на шампионите.
„Не ми се допаѓа како игра Челси во последните неколку годин и и сакам да направам промени. Кога воведувате новини во стилот на игра, на фудбалерите им треба време да се прилагодат“, изјави Мурињо.
Ова лето тој се врати на кормилото на Челси, а си замина од клупата на Реал Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


