| четврток, 6 декември 2018 |

Кличко: Никогаш не сум се борел против потежок противник

Украинскиот боксер Владимир Кличко изјави дека во досегашната кариера се нема борено против подобар боксер од Александар Повјеткин.

Владимир Кличко и Александар Повјеткин конечно ќе се сретнат заедно во рингот на 5. октомври во Москва.

-Во аматерската кариера Повјеткин беше светски првак и олимписки шампион. Во професионалната кариера никогаш не изгубил и никогаш не бил нокаутиран. Не сум се борел против посиселн боксер. Сакам да го победам со нокаут – изјави Кличко.

Повјеткин во 28 борби има остварено 28 победи (16 со нокаут), додека Кличко има 60 победи (51 нокаут) и три пораза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top