| четврток, 6 декември 2018 |

Шевченко му се враќа на фудбалот

Иако неодамна по лошиот обид да се занимава со политика, украинскиот фудбалер Андриј Шевченко реши да се сконцентрира на неговата голф кариера, но по очајните резултати кои ги направи на еден турнир, најверојатно реши да се врати на фудбалот, каде и му е местото.

-Моменално сум фокусиран на тренерската работа. Во Челси работам со играчи до 14 години, а сакам да работам и со сениорски професионални тимови, затоа одам во Милано – изјави Шевченко.

Украинецот во својата кариера играл само за три клуба, Динамо Киев, Милан и Челси, а за репрезентацијата на својата земја има одиграно 111 меча, а постигнал 48 гола.

Шевченко се пензионираше од фудбалот во мај 2012. година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top