Наскоро во јавноста треба да се појави биографијата за Џек Николсон, која ќе се вика едноставно „Николсон“, од писателот Марк Елиот.
Според зборовите на писателот, 76-годишниот Џек Николсон целиот живот го живеел со полна пареа, некои велат дека спиел со 5.000 жени, а пробал и ЛСД, марихуана, како и кокаин.
Многу рано почнал да експериментира со дрогата, кога земал ЛСД, а неговиот трип бил толку силен што си мислел дека го видел Господ.
-Сакам да пушам марихуана, пушам четири дена во неделата, убаво се чувстввувам – изјавил глумецот во едно интервју во 1980 година.
Николсон сака и кокаин, а доказ за тоа е што неговата ноздра била толку оштетена од шмркање, по што си ја направил од злато.
Своите страсти Џек ги смирил по смртта на неколку негови пријатели, кои починале од предозирање.
Неодамна Николсон соопшти дека ќе се пензионира по 50 години работа како актер.
Досега 12 пати бил номиниран за „Оскар“, а го освоил трипати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.