Затоа на последната владина седница беше усвоен Акцискиот план и се почна реализацијата на големиот проект, поточно динансирање на годишно ниво на 200 музички композиции од домашни автори и изведувачи. Изведувачите кои ќе добијат средства ќе бидат избрани на мошне транспарентен процес.
Какви песни ќе се финансираат?
Главен услов е песната да биде направена и исполнета од македонски изведувачи. Песните ќе се бираат по квалитет, а ќе се финансираат композиции од неколку категории:
-10 песни од музички таленти
-20 композиции од афирмирани изведувачи (изведувачи со најмалку 1 албум или 10 синглови)
-35 композиции од истакнати изведувачи (лица со најмалку 2 албума)
-37 песни од врвни изведувачи (музичари со 2 албума и солистички концесрти)
-28 песни од ѕвезди (музички имиња кои се селектирани по број на концерти, албуми и години кариера)
-10 песни со тематика која промовира семејни вредност и многудетни семејства
-10 песни со историска тематика
-50 детски композиции
Песните изведени од ѕвезди ќе бидат финансирани со по 4.500 евра, детските со 400 евра, а другите со по 3.000 евра.
Во октомври ќе биде распишан јавен повик, по кој ќе се изберат 50 лица, но Комисијата нема се уште да биде составена.
Во јануари ќе почне јавниот повик за изведувачите кои треба да аплицираат во рок од 30 дена. По пат на лотарија, од 50 избрани за Комисија ќе се избере кој ќе врши селекција.
Членовите на комисијата мора да потпишат согласност дека нема судир на интереси.
Одлуката треба да ја донесат во рок од 24 часа, а предлогот се испраќа кај директорот на МРТ. Тој во рок од 3 дена ја носи конечната одлука.
Владата за оваа намена издвои 512.000 евра. Проектот кој е предвидено да трае 10 години има вкупна вредност од пет милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Агенцијата за филм рестриктивна во изборот на носители на проекти: Се делат пари на фестивали и луѓе од филмската фела блиски до СДСМ и ДУИ
-
Упаѓајте им на јавни настани: Здруженија финансирани од Сорос подготвуваат „шарена офанзива“ против Трамп (ВИДЕО)
-
ЗАМП попушти: Од утре повторно македонска музика во етерот
-
Трамп забрани финансирање на странски НВО, кои го поддржуваат абортусот