Македонскиот репрезенативец во дресот на бундеслигашот Мајнц, Николче Новевски во предходниот викенд имаше одлична партија која не остана незабележана и од највлијателниот ТВ канал на стариот континент Eurosport. Нашиот халф блескаше во гостинскиот триумф кај Гројтерфурт од 3-0, што го смести во идеалниот тим за минатиот викенд заедно со дел од најпознатите играчи во светот.
Новевски во формацијата 4-4-2 е сместен во последната линија заедно со Фелипе Сантана од Борусија Дортмунд, и со Серхио Рамос и Фабио Коентрао од Реал Мадрид.
Во најдобрите 11 се и голманот Рон Цилер од Хановер, играчите од средината Микел Сан Хозе од Атлетик Билбао, Педро Обијанг од Сампдорија, Кристијано Роналдо од Реал Мадрид и Маркел Сусаета од Атлетик Билбао. Со по четири голови во натпреварите на нивните екипи, Барселона и Сампдорија, први напаѓачи за минатиот викенд според Eurosport се Аргентинците Лионел Меси и Мауро Икарди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“