Половина Европа се пријави за организацијата на Европското првенство во фудбал што ќе се игра во 2020 година, а УЕФА потврди дека меѓу нив е и Македонија, со арената „Филип Втори“ во Скопје.
„ЕВРО низ Европа“ е мотото на контиенталниот собир, а целта е да се прославата 60 години од првото ЕП, што се одржа во 1960 година. Од таа причина, УЕФА реши да го рашири шампионатот на целиот континент, а 13 града ќе бидат домаќини. Вчера во Дубровник на Конгресот на УЕФА беше објавено дека се пријавиле 32 држави како кандидати за домаќини на најдобрите европски репрезентации во 2020 година.
Еве ја листата на градови и на држави што поднедсоа официјална кандидатура:
Скопје (Македонија), Белград (Србија), Загреб (Хрватска), Баку (Азербејџан), Брисел (Белгија), Ереван (Ерменија), Минск (Белорусија), Софија (Бугарија), Прага (Чешка), Копенхаген (Данска), Лондон (Англија), Хелсинки (Финска), Лион (Франција), Минхен (Германија), Атина (Грција), Будимпешта (Унгарија), Ерусалим (Израел), Рим и Милано (Италија), Астана (Казахстан), Амстердам (Холандија), Варшава и Хорзов (Полска), Лисабон и Порто (Португалија), Даблин (Р. Ирска), Букурешт (Романија), Санкт Петербург (Русија), Глазгов (Шкотска), , Мадрид, Барселона, Билбао и Валенсија (Шпанија), Стокхолм (Шведска), Базел (Швајцарија), Истанбул (Турција), Киев и Донецк (Украина) и Кардиф (Велс).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


