Натали Грубовиќ, која веќе една година живее на релација Белград Скопје, веќе е при крај со завршувањето на докторските студии кои ги изучува во соседна Србија. Веднаш по докторирањето манекенката планира да се посвети на работа поврзана со менаџмент и односи со јавноста, а дали ќе остане да живее во Белград или пак ќе се врати назад, се уште не е решена, со оглед на тоа што веќе има добиено неколку професионални понуди кај нашиот сосед, пишува Вечер.
Во однос на љубовниот живот, пак, манекенката вели дека е среќна и задоволна од она што моментално и се случува на тоа поле.
– Не можам да се пожалам. Белграѓани се топ фраери, изгледаат одлично, башка се и речити и знаат како треба со девојка. Кој знае, можеби среќата ми е токму таму”, откри Натали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.