Најмалку 12 луѓе се ранети, меѓу кои и тригодишно дете во пукотница во парк во Чикаго.
Детето кое било застрелано во главата со уште тројца други повредени се во критична состојба.
Според американските медиуми, инцидентот се случил околу 22.15 часот по локално време, а полицијата за сега само потврдила дека има неколку ранети, без да изнесе повеќе детали за случајот. Целата драма се случила на кошаркарско игралиште, а до сега никој не бил приведен.
Само минатата година во Чикаго има регистрирано 500 убиства. За споредба, во Њујорк, кој е три пати поголем град, минатата година имало 419 убиства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.