Белгискиот претставник Во Европа Лигата, Генк изненади со победа во Киев против Динамо, а фаворитите Тотенхем и Лацио без примен гол ја почнаа новата авантура во второто по ранг клупско евронатпреварување. Иако беа аутсајдери фудбалерите на Генк прикажаа одлична игра во Киев и со голот на поранешниот белгиски репрезентативец Гориус забележаа вредна победа.
Еден погодок му беше доволен и на Лацио за да почне победнички во ЛЕ. Ернанеш погоди во 53. минута за триумф против Легија. Успешен старт имаше и Тотенхем, екипа што е меѓу фаворитите и за трофејот. Со головите на Џермејн Дефо, кој двапати ја тресеше мрежата на Тромсо и еден погодок на Фертонген, тимот од Лондон славеше со 3-0 против норвешкиот престтавник.
Резултати: Аполон – Трабзонспор 1-2, Бетис – Лион 0-0, Динамо Киев – Генк 0-1, Ешторил – Севилја 1-2, Фрајбург – Либерец 2-2, Гимареш – Риека 4-0, Лацио – Легија 1-0, Макаби Хаифа – АЗ Алкмар 0-1, ПАОК – Шахтар Караганди 2-1, Шериф – Анжи 0-0, Тун – Рапид 1-0, Тотенхем – Тромсо 3-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


