| четврток, 6 декември 2018 |

Лудогорец го сопна ПСВ, Свонси ја декласира Валенсија

Бугарскиот тим Лудогорец го приреди најголемото изненадување на стартот од новата сезона во Европа Лигата на УЕФА со победа во Ајндховен, против ПСВ со 2-0. Безјак и Мисидјан беа стрелци на головите во второто полувреме, а играчите си заработија по 15 илјади евра премија, што им беше ветена од сопственикот на клубот за победа против холандксиот тим.

Ваеленсија игра лошо во континуитет, а слабата форма на „лилјаците“ ја искористи Свонси и ги декласира со 3-0 и тоа на „Месталја“ во Валенсија. Адил Рами им помогна на гостите од Велс, кои настапуваат во англиската Премиерлига, откако беше исклучен уште во 10. минута. Бони Вилфред, Мичу и Џонатан де Гузман казнија со по еден гол за блескава победа на Свонси.

Вистински дебакл пред своите гледачи доживеа Марибор. Рускиот Рубин Казањ славеше со 5-2, а Марибор не е истиот состав од ланската сезона, кога за шампионот на Словенија играше македонскиот репрезентавиц Агим Ибраими. Интерсно е што на стартот во 12 натпревари, дури на пола од нив славеа гостинските екипи.

Резултати: Валенсија – Свонси 0-3, Динамо Загреб – Черноморец Одеса 1-2, Марибор – Рубин 2-5, Пандурии – Дњипро 0-1, ПСВ – Лудогорец 0-2, Стандард – Есбјерг 1-2, Макаби – АПОЕЛ 0-0, Ајнтрахт Ф. – Бордо 3-0, Сент Гален – Кубан 2-0, Зулте Варегем – Виган 0-0, Фиорентина – Пакош Фереира 3-0, Салцбург – Елфсборг 4-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top