Министрката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска очекува доказите кои ќе бидат изведени во судска постапка да откријат како се финансирала групата од акцијата „Шпион“, лицата со кои била поврзана, контактите кои ги имале членовите, начинот на кој доаѓале до информации.
– Во првичната информација која ние ја презентиравме во јавноста ставивме на знаење дека овие лица презентирајќи или оддавајќи ги информациите добивале соодветна материјална корист или надокнада во парични средства или во друга имотна корист од страна на оние на кои им ги давале информациите кога станува збор за информации од безбедносен карактер кои се од интерес на Република Македонија и кои не би смееле да бидат познати во јавноста. Уште еднаш ќе потсетам и на еден друг сегмент каде што токму со злоупотреба на службени информации, со креирање на недокрај вистинити приказни или целосно невистинити приказни оваа групација прибирала пари и преку сериозни уцени, закани, изнуди и токму дел од дејствијата кои им се ставаат на товар се поврзани и со кривични дела со елементи на насилство и во постапката што следува пред судовите секако дека ќе бидат изведени докази во оваа насока- посочи Јанкуловска на собраниската седница.
Најзаслужна за успешната акција била подготвеноста на безбедносните служби, како последица на воспоставениот систем на кариера во МВР.
– И преку таа акција, и преку денешната акција на полицијата за справување со недозволена трговија со дрога која има меѓународен карактер, но и преку ред други полициски акции кои континуирано секојдневно се случуваат во РМ и сведочат за неселективната борба против корупцијата и криминалот, која очигледно на опозицијата и изгледа невообичаено, бидејќи во времето кога СДСМ раководеше со државата ниту имаше борба против корупцијата и криминалот, ниту имаше полициски акции, ниту пак имаше каква било активност на безбедносните служби. Напротив, сите добро знаеме што се случуваше и со што резултираше нивното разорувачко дејство кое го имаа врз институциите, истакна Јанкулоска.
Според неа, симптоматично е поклопувањето на ставовите на главната опозициска партија со ставовите со една соседна држава во врска со „Шпион“.
– Верувам дека тие ќе најдат начин да објаснат на што тоа се должи дали евентуално се работи за некаква претходна координација или се работи за коинциденција, истакнува Гордана Јанкулоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи


