| четврток, 6 декември 2018 |

Серена Вилијамс нема да игра во Токио

Најдобрата светска тенисерка, Американката Серена Вилијамс, го откажа учеството на турнирот Пан Пацифик опен во Токио. Таа истакна дека и е потребен одмор, но исто така се жали и на повреда на рамото, па не сака да ризикува евентуално влошување на состојбата

серена

„Жал ми е што морав да го откажам настапот во Токио, но одиграв премногу мечеви оваа сезона и не смеам да ризикувам влошување на повредата“, изјави Серена Вилијамс.

Претходно и Русинката Марија Шарапова го откажа учеството на Пан Пацифик опен во Токио, поради повреда на рамото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top