| четврток, 6 декември 2018 |

Лекарите на усовршување во Германија

Македонските лекари ќе можат да го  доусовршуваат своето знаење во Германија. Меѓу 30 и 40 специјалисти годишно ќе бидат испраќани на доедукација во клиники во Хамбург и Нирнберг на обуки од еден до три месеци . За овие обууки потребно е да знаат англиски јазик или основен германски.  Дваесет специјалисти годишно ќе бидат испраќани на обуки од четири до 12 месеци, за што тие треба да знаат германски јазик. Се овозможуваат и специјализации во траење од пет, шест или седум години на македонски лекари во двете клиники.

Ова е предвидено со двата меморандума за соработка кои министерот Никола Тодоров ги склучи при неговата неодамнешна посета на овие два врвни медицински центри во Германија во кои има голем број врвни специјалисти кои ги изведуваат сите интервенции.

– Во Македонија на огласите кои ги објавивме се пријавија 20 лекари кои знаат германски јазик и тоа ќе биде првата група лекари која ќе биде испратена во Хамбург и во Нирнберг на подолг престој – од четири до 12 месеци за методи кои не се работат во Македонија или за области за кои треба сериозно доусовршување – изјави Тодоров.

Специјализаните, по враќањето од Германија се очекува да го променат нивото на квалитетот на македонското здравство, да донесат нови знаења и вештини кои ќе ги применуваат во нивната работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top