| четврток, 6 декември 2018 |

ФИБА Топ-5, Марк Гасол како фрлач на диск (видео)

Шпанецот Марк Гасол доминира под обрачите на европското првенство, а „црвената фурија“ игра како по ноти во завршницата на шампионатот во Словенија. Вчера, Шпанците ја декласираа Србија со 90-60 и се пласираа во полуфиналето, каде противник ќе им биде Франција. И токму од овие две селекции доаѓаат најатрактивните два потези од вчерашните две четвртфиналиња. Второто место на ФИБА Топ-5 листата е за извонредниот НБА ас Тони Паркер, кој си поигра со одбраната на Словенија и со поени во последната минута ги докусури домаќините.

Најблескавиот потег е за Марк Гасол и неговата асистенција од кош до кош, во стил на фрлач на диск. Центарот на Шпанија одлично го префрли цел терен, го пронајде Љуљ во контра, а бекот рутински погоди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top