| четврток, 6 декември 2018 |

Колички кои вредат многу

Музејот на микроавтомобили на Брус Вејнер во Медисон, Џорџија се чини е најголемата колекција на најмалите возила во светот, а сите одат на аукциска продажба на 15 и 16 февруари.

Вејнер потрошил 15 години во прибирање на 200, сега аукциски предмети, а покрај големината на колекцијата, но од аукциската компанија велат дека многу од овие колички се исклучително ретки, во одлична состојба или необични и за прв пат ќе има наддавање за такви модели. Повеќето од автомобилчињата се европски, создадени по војната кога горивата беа ниски, а патарините високи. Иако денеска изгледаат како апсурдни играчки, своевремено ја задоволувале потребата за евтин а ефикасен транспорт, во секој случај помалку опасен од скутер.

На аукцијата со стотиците автомобилчиња, ќе се продадат и други придружни предмети од 40тите до 60тите години на минатиот век, како неонски знаци, макети, машини за бомбони и останати симболи на периодот. Сателитскиот канал направи емисија за оваа колекција, а дел од моделите и нивни спецификаци се ставени на интернет. Заедно со проценетата вредност. Фаворит на Република: Peel Trident од 1966 заради електричниот модел и лик како од цртаната серија за семејството Џетсон.

 

1959 Scootacar MK I1959-scootacar-mk1

Коњски сили: 8,5; Вредност: 20-25 000 долари; Потекло: Лидс, Англија; произведени 1500, само неколку зачувани.

1959 Frisky Family Three1959-family-frisky-three-

Коњски сили: 9,5; Вредност: 15-20 000 долари; Потекло: Волверхемптон, Англија

1958 Brutsch Mopetta1958-bratsch-mopetta

Коњски сили: 2,3; Вредност: 25-35 000 долари; Потекло: Штудгарт, Германија; произведени 5, а ова е еден од 14 прецизни реплики направени подоцна.

1959 BMW Isetta “Whatta Drag”1959-bmw-isetta-whatta-drag

Коњски сили: оригиналните 12 извадени од еден цилиндер, во оваа реплика се заменети со 730 од 8,2 литра шевролет V8 motor; Вредност: 75-100 000 долари; Потекло: Минхен, Германија.

1964 Peel P501964-peel-p50

Коњски сили: 4,5; Вредност: 35- 45 000 долари; Потекло: Ајсл оф мен, Англија. Убедливо најмалечкиот автомобил. Рекламата велела „Скоро поевтино од одење“.
Џереми Кларксон од британската „Петта брзина“ пред неколку години возеше ваков модел, а видео од искуството можете да го погледнете подолу.

1966 Peel Trident1966-peel-trident

Коњски сили: 6,5; Вредност: 40- 50 000 долари; Потекло: Ајсл оф мен, Англија. Овој модел се нудел како бензински или електричен.

1955 Inter 175A Berline1955-inter-175a-berline

Коњски сили: 8,5; Вредност: 40- 50 000 долари; Потекло: Лион, Франција.

Следува видео снимката за предностите на Peel P50.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top