| четврток, 6 декември 2018 |

Ештон го осуди нападот врз ЕУЛЕКС на Косово

Ketrin EstonКетрин Ештон најостро го осуди нападот врз припадници на Еулекс во кој животот го загуби еден припадник на мисијата.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност во соопштение истакна дека е „многу тажна заради смртта на припадник на Еулекс од Литванија на север во Косово денеска“, и упати сочувство до семејството и пријателите на жртвата. Ештон нагласи дека извршителите мора да бидат изведени пред лицето на правдата.
Според високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност ЕУ останува „одлучна да продолжи со својот ангажман и посеветеност за Косово“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top