Фудбалерот Златан Ибрахимовиќ ќе потпише нов договор за продолжување на досегашниот за уште една година во ПСЖ.
Со освежениот договор Швеѓанецот во џеб ќе стави 15 милиони евра, со што Ибра ќе остане до 2016. во овој тим.
Неговиот агент Мино Раиола рече дека ништо од ова не е направено, но сепак од весникот „Л’екип“ почнаа да излегуваат вакви информации.
Клубот се надева дека до недела ќе имаат потпис на договорот, токму пред натпреварот со појачаниот Монако, кој е во трка за титула.
Од денот кога дојде во ПСЖ, неговата статистика е фантастична: 52 натпревара со 36 гола и 22 асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


