| четврток, 6 декември 2018 |

Политичари јавно се бакнуваат за поддршка на геј бракови

Двајца француски политичари одлучија да дадат поддршка на ЛГБТ заедницата така што јавно се бакнаа во сред протести на борците за еднакви права кои деновиве се одржуваат во Франција. Се работи за социјалисти кои се приклучиле на групата од десетици илјади демонстранти кои маршираа по улиците и на тој начин се бореа за правата на хомосексуалците да стапат во брак и да посвојат деца.

-Ни јас ни мојот колега не сме геј. Во брак сме и имаме деца – вели едниот од нив и додава:
-Ова што денес го гледате е бакнеж за солидарност кој значи дека ние, како членови на парламентот кој се бори за права на истополови парови, им даваме поддршка на хомосексуалците.

Фотографијата од овој и не толку стравствен бакнеж се прошири на друштвените мрежи, а нивните колеги имаат различни мислења. Едни сметаат дека се работи за херојски потег, додека други тврдат дека се работи за глупав потег кој е непотребно провокативен.

Неделниот марш насловен „Брак за сите“ собра околу 125 илјади демонстранти. Испитувањето на јавното мислење покажува дека поголем дел од Французите поддржуваат геј бракови. Но одлуката на владата да ги легализира поттикна анти геј собири на почетокот на овој месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top