Вистинска ракометна машина за голови ќе му гостува на македонскиот првак Вардар, задутре во првото коло од Лигата на шампионите, а ја предводат извонредните стрелци Кирил Лазаров и Никола Карабатиќ. Барселона доаѓа во Скопје во извонредна форма, што синоќа ја потврди со импресивна победа во шпанскиот шампионат против Вилја де Аранда со 44-20. Ова е втор меч по ред на стартот на новата сезона на кој Каталонците даваат 40 или повеќе голови, поточно на двата стартни дуели Лазаров и соиграчите постигнаа точно 85 гола.
Вардар ќе мора да најде чаре за ефикасниот и разигран состав што го предводи Чави Паскал од клупата.
Во Скопје владее вистинска ракометна грозница, а салата „Борис Трајковски“ ќе биде претесна да ги прими сите што сакаат да го проследат враќањето на Вардар во Лигата на шампионите и секако да го поздрават дрим-тимот на Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.