Навивачите на Галатасарај тешко го поднесоа срамот и поразот од 1-6 против Реал Мадрид, а еден од нив влета на теренот на „Турк Телеком“ арена за да го нападне Кристијано Роналдо. Обезбедувањето реагираше брзо и го спречи блискиот контакт на неодговорниот симпатизер на Галата и популарниот CR7.
Португалскиот ас во Реал Мадрид одигра брилијантен меч и со хет-трик и една асистенција го разби домашниот тим и ги доведе до очај навивачите на турскиот гигант.
УЕФА сигурно ќе го казни Галатасарај парично поради инцидентот, а можно е во Истанбул да нема публика на некој од следните мечеви во Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



