Во второто четвртфинале на евробаскетот што се игра во Словенија, Репрезентацијата на Франција ја победи домашната селекција на Словенија со 72-62.
Во тешка и израмнета борба под двата коша клучната разлика Франција ја направи во третата четвртина поведувајќи со седум разлика и до крајот на натпреварот рутински ја сочува. Словенците имаа фази на добра игра, но не можеа да најдат лек против расположениот Тони Паркер кој мечот го заврши со фантастични 27 поени. Паркер одлична подршка имаше од НБА играчите Батум и Диао кои постигнаа 14 односно 10 поени. Во словенечниот состав како и обично најдобар беше Горан Драгиќ со 18 поени пред својот брат Зоран со 12 и Нахбар со 10.
Франција во полуфиналето ќе има можност да и се реваншира на Шпанија за поразот во финалето од претходното европско првенство што се играше во Литванија.
Словенечката репрезентација во пласманот од петтото до осмото место ќе разигрува со Србија и со победа ќе го визира пасошот за светското првенство што се игра догодина во Шпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



