Најмалку шестмина загинаа, а 30-тина се повредени во судир на патнички воз и двокатен градски автобус во Отава, Канада. Сите жртви биле патници во автобусот. Дури 11-мина од повредените се наоѓаат во критична состојба, па можно е конечниот биланс на жртвите да биде и поголем.
До несреќата дошло кога автобусот тргнал преку железничката пруга и покрај спуштената рампа на преминот и звучната сигнализација на возот. Дел од медиумите велат дека патниците викале по шоферот да застане, други пак забележуваат дека рампите на преминот стојат кренати и дека се неоштетени, па можно е тие воопшто и да не биле спуштени во време на несреќата. Причините веројатно никогаш нема да бидат дознати, од причина што неговиот возач е меѓу загинатите.
Денешната несреќа се случува на нешто повеќе од два месеци по трагедијата во местото Лак-Матантик во Квебек, кога од шините излета воз со 72 вагон-цистерни натоварени со нафта, при што дојде до експлозија и пожар во кој загинаа 47 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


