| четврток, 6 декември 2018 |

Северина немала секс 28 месеци?

Северина последен пат имала секс пред 28 месеци, барем со нејзиниот сопруг. Така тврди извор за српски „Информер“, кој вели дека хрватската пејачка и српскиот бизнисмен последен пат имале секс кога го зачнале нивното дете.

– Целата љубовна приказна беше мачкање очи на јавноста, поточно  Северина се обиде поради бебето да извлече пари од Милан, а тој да ја скрие вистината од јавноста за таа да не му прави проблеми – вели изворот додавајќи – Северина инсистираше да се омажи за Милан по само петнаесет дена врска. Тој имаше предлог да живеат една година, а подоцна да се венчаат, но Севе тоа го сфати како уцена. Оттогаш единствена цел ѝ беше да забремени.

Според неговата приказна, нивната љубов била згасната многу пред нивното раскинување во август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top