На сцената на Драмскиот театар Скопје утре со почеток во 20 часот, ќе се прикаже 50 -та изведба на претставата „Последните Македонци“. Во претставата учествуваат актерите: Билјана Беличанец – Алексиќ, Билјана Драгичевиќ-Пројковска, Трајанка Илиева – Таци, Рубенс Муратовски, Зоран Љутков и Игор Ангелов.
Автори на претставата се: Сашо Миленковски, Тихомир Спировски, Велика Стојкова – Серафимовска, Марко Коловски, Бојан Трифуновски, Љупчо Маневски, Снежана Балканска, Венко Серафимов.
Премиерата на претставата се прикажа на 29 април 2010 година, и оттогаш со несмален интерес ја следи публиката во текот на изминатите три години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.