150 муслимански семејства од Горно Лисиче, побарале до Исламската верска заедница да се изгради џамија во овој дел на Аеродром, пренесува „Вест“.Според весникот изготвен е и проект за џамијата, кој е доставен до Скопското муфтивство.
Тие бараат дозвола од ИВЗ за да им се дозволи да се изгради верски објект во близина на домувањето. Тие велат дека мораат да одат до селото Батинци или Бит Пазар за да ги извршат своите верски обреди.
– Имаме и имот, сопственост на ИВЗ, на кој ќе може да градиме, само чекаме дозвола. Општината нe одби со образложение дека треба да се создадат посебни услови за тоа и да се промени Деталниот урбанистички план, кој не е во наша надлежност. Јас сум за изградба и на цркви и на џамии, бидејќи тие се градат за верниците и онаму каде што има потреба, нека се кренат – го пренесува Вест скопскиот муфтија Ибрахим Шабани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


