Реал Мадрид го декласира Галатасарај со 6-1 во Истанбул во премиерниот ден од новата сезона во Лигата на шампионите, а блескаше Кристијано Роналдо со хет-трик. Карло Анчелоти е задоволен и вели дека е лесно кога CR7 има своја вечер и игра во таков стил како синоќа.
„Ова е имресивен резултат, иако треба да признаеме дека противникот беше подобар во првото полувреме. Имавме проблеми, но навреме Иско даде гол за пресврт на случувањата на теренот во наша полза. Потоа беше лесно, особено кога Роналдо диригира и игра вака, а со него и Бензема“, изјави Анчелоти.
Лани двете екипи играа меѓусебе во четвртфиналето на ЛШ, а Реал мина понатаму, но во многу понеизвесен двомеч, од натпреварот синоќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“