Возачите од странство кои од 1 октомври ќе патуваат во Словенија, за седумдневна вињета, наместо 10,5 евра ќе плаќаат 15 евра.
Словенечката влада го одобри поскапувањето на цените, но и воведувањето на нов начин на пресметување на цените каков што нема никаде во Европа.
Така, според новата одлука на словенечката влада, најевтината вињета ќе ја плаќаат оние возила кои од подлогата преку средината на тркалото до највисоката точка на хаубата на автомобилот имаат 1,3 метри. Сите оние кои се повисоки од 1,3 метри ќе платат дури 40 евра за седум дена, пишува Јутарњи лист.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.