Манчестер Јунајтед исто така убедливо победи против Баер со 4-2 со 2 гола на Руни и со по еден на Ван Перси и на Валенсија.

Актуелниот европски првак Баерн Минхен рутински славеше над ЦСКА Москва со 3-0 (Алаба, Робен и Манџукиќ), а со идентичен резултат Манчестер сити ги освои трите бода на гостувањето во Чешка против Плзењ (Џеко, Јаја Туре и Агуеро).
Во продолжение се сите резултати од вечерашните пресметки во Лигата на шампионите.
Група А: Манчестер ј. – Баер Л. 4-2, Р. Сосиедад – Шахтјор 0-2,
Група Б: ФЦ Копенхаген – Јувентус 1-1, Галатасарај – Реал М. 1-6,
Група Ц: Олимпијакос – ПСЖ 1-4, Бенфика – Андерлехт 2-0,
Група Д: Баерн М. – ЦСКА М. 3-0, Плзењ – Ман. сити 0-3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


