| четврток, 6 декември 2018 |

Во Нерези пречкртан албански натпис (ФОТО)

Натписот на албански јазик на таблата на Јавното претпријатие за пасишта во скопско Нерези бил пречкртан, а под него е нацртан крст.

– Самото тоа што е избришан само натписот на албански, говори дека некој е против албанскиот јазик и против оваа табла на самиот влез. Ние во претпријатието имаме вработени и Албанци и Македонци, а најголем процент од сточарите се Албанци – вели за Алсат, Илмије Власаку, директорка на ЈП за Пасишта.

Ова е втор случај на вандализам врз овој објект во Нерези, велат од претпријатието. Пред една недела непознати лица ги скршија и стаклата од џамијата во оваа населба, а на ѕидовите беа испишани графити Македонија МКД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top