Голманот на македонската ракометна репрезентација Петар Ангелов го раскина договорот со Металург.
Ангелов, оваа сезона беше во сенка на Дарко Станиќ и Никола Митревски, па незадоволен од минутажата која ја добиваше од тренерот Лино Червар, решил спогодбено да го раскине договор и да побара нов клуб.
Желбата на Ангелов е да брани стандардно за да може да избори место во репрезентацијата која ќе настапи на Европското првенство во Данска. Петар Ангелов и Металург денеска спогодбено го раскинаа договорот.
Според шпекулациите Ангелов, во моментов е најблиску до трансфер во Пелистер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


