| четврток, 6 декември 2018 |

САД: Пукачот од воената база бил психички болен

Calif School ShootingАрон Алексис, човекот кој уби 12 лица при вчерашниот напад во комплексот Нејви Јард во Вашингтон, каде се наоѓа Командата на Воемата морнарица на САД, имал сериозни психички проблеми, страдал од параноја и несоница, соопштија полициски службеници.
Алексис (34) од август се лекувал заради своите психички проблеми, изјавија полициски извори, кои побараа да останат анонимни се додека трае истрагата.
Информацијата за неговото лекување е потврдена и од членови на неговото семејство.
Алексис работел во компанија што била изведувач на работи за Воената морнарица и не бил прогласен за психички неспособен за воена служба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top