Најдобриот хрватски тенисер Марин Чилиќ е суспендиран на девет месеци, Тениската федерација донесе ригорозна казна поради користењето на недозволени супстанции на турнирот во Минхен.
Сите резултати од 1. мај ќе му бидат поништени, а ќе мора да ги врати сите парични награди, кој во тој период ги заработил.
Чилиќ ќе биде суспендиран до 31 јануари, што значи ќе го пропушти австралискиот грен-слем во 2014.
Во текот на истрагата, Чилиќ објасни на кој начин во неговиот организам дошла забранетата супстанција никетамид, а благата казна од девет месеци суспензија е изречена поради неговата соработка со анти-допинг комисијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


