| четврток, 6 декември 2018 |

Девојката која ѝ го украде свршеникот на Мајли

Лијам, еден од браќата холивудски актери од кланот на Хемсфорт, ги прекина сите контакти со неговата поранешна свршеничка Мајли Сајрус. Викендот тој го поминал забавувајќи се во Лас Вегас со мексиканската актерка и пејачка Ејза Гонзалес.

23-годишната Ејза е всушност мексиканскиот пандан на Мајли. И самата како дете дел од тамошната детска програма, подоцна миленик на тинејџерите, а сега веќе млада дама која на ској начин сака да докаже дека пораснала.

Со Лијам покрај тоа што цела вечер не се одвојувале еден од друг, тие заедно заминале од клубот во раните утрински часови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top