| четврток, 6 декември 2018 |

Како Романците им вратија на Англичаните (ГАЛЕРИЈА)

Брилијантната кампања на романскиот дневен весник „Гандул“ е одговор на една британска кампања од јануари. Поради зголемениот број на имигранти од Романија и Бугарија, Англија кај нив стартуваше негативна кампања за својата земја, наречена „Зошто нема да ви се допадне кај нас“.

Новата кампања на Романците вели „Можеби нас нема да ни се допадне Британија, но вие ќе ја обожавате Романија“. Постерите веќе ги има насекаде, а со нивната досетливост Романците не само што им го возвратија ударот, туку и си направија одлична промоција од која најголема корист има нивниот туризам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top