| четврток, 6 декември 2018 |

Три години затвор за Милан Калиниќ?

На српскиот актер и водител Милан Калиниќ му се закануваат до три години затвор поради тоа што пред неколку дена предизвика сообраќајна несреќа.

Калиниќ во петокот, 13 септември предивикал сообраќајка во која една личност е повредена.

Како што пишува српски Курир, кога некој од учесниците во сообраќајот ќе предивика сообраќајна нереќа во која некој е повреден, тоа веќе не е собраќан прекршок, туку кривично дело.

– Во овој случај ќе треба да реагира јавниот обвинител затоа што овде не се работи за сообраќаен прекршок. Така е и во случајот со Милан Калиниќ, на кого му се заканува казна до три години затвор поради ова кривично дело. Е сега, доколку се утврди дека делото е извршено од небрежност, може да добие и до една година затвор – изјавиле од Комитетот за безбедност на сообраќајот на Србија.

Во сообраќајната незгода која ја предизвика Милан Калиниќ, повреден е Саво Аќимов, а неговиот автомобил е потполно уништен.

– Бев во колоната на возила кои стоеја на црвено светло. Кога се запали зеленото светло, од спротивна насока доаѓаше камион кој вртеше лево кон Белград и застана на раскрсницата да го пропушти моето возило, а црвениот автомобил кој сакаше да заобиколи, влета со голема брзина во мојата лента. Само видов како се удира во мене. Од силината на ударот се удрив со главата во шофершајбната и во столбот од вратата. Веднаш ми се создаде некоја магла и само се фатив за глава и паднав. Ми требаа околу 10 минути да се освестам, а за тоа време не ми пријде никој, па дури ни Калиниќ, кој ја предизвика сообраќајката – изјавил за српските медиуми повредениот Саво Аќимов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top