Од декември 2009 година до април 2013 година фирмата „ЗОВИ – промет“, која ја раководат таткото и чичкото на Заев, седумпати потпишала договор со ЈОУ „Детска радост“ под раководство на општина Струмица. Станува збор за вкупна вредност (на сите договори) од 30.479.891 денари, објавува дневниот весник „Дневник“.
Во документот до кој дошол „Дневник“ се гледа дека, покрај седумте договори, еден склучен во 2009 година, четири во 2011 година и два годинава, фирмата „ЗОВИ – промет“ на 12.12.2011 година склучила и еден договор директно со Општина Струмица во вредност од 84.400 денари.
Документите што ги изнесе ВМРО-ДПМНЕ за овој случај укажуваат на класичен пример на непотизам, една од деветте форми во Законот за спречување судир на интереси. Истото го потврдуваат и од Државната комисија за спречување на корупцијата, која е запознаена со случајот, но сè уште не го разгледала.
-Најавено е дека наскоро, односно, најверојатно, веќе на следната седница, случајот ќе биде ставен на дневен ред. Антикорупционерите, но и познавачите на правото, се со ист став, дека станува збор за судир на интереси и за непотизам, односно давање предност, корист или друга погодност од страна на службеното лице (во случајот Зоран Заев) во извршување на должноста кон некој со кој има семејни или деловни врски (татко му и чичко му), пишува весникот.
Kога добил информација дека татко му ќе учествува на тендерот, па макар и да бил единствен пријавен, заедно со чичко му, појаснуваат од антикорупциска, Заев бил должен да го сигнализира татковото учество во процесот. Меѓу другото, должен бил приватниот интерес да го тргне настрана и да се изостави од целиот случај, по што Советот на Општината требало да одреди кој ќе го замени во таа ситуација. И во членот 8 од Законот за спречување судир на интереси се вели истото.
– Во случај на судир меѓу приватниот и јавниот интерес, службеното лице е должно да постапи според јавниот интерес – стои во законот, пренесува „Дневник“.
Струмичкиот градоначалник никако не смеел да потпише договор со родениот татко, истакнуваат од ДKСK, затоа што, факт е дека тоа е директен судир на интереси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев на Самитот на земјите членки на Европската иницијатива
-
Заев незадоволен од Хазби Лика, Османи: ДУИ нема намера да менува министри
-
Заев: Горам од желба да ги соопштам деталите за бегството на Груевски
-
Општина Дебрца поништила јавна набавка за да склучи нов договор за два и пол пати поголема цена


