| четврток, 6 декември 2018 |

Љоренте само што почна да игра за Јувентус, а веќе е незадоволен

Сезонава во Серие А се одиграни три кола, а напаѓачот само еднаш влезе во игра од клупата за резервни фудбалери. Наводно, доколку во јануари Љоренте навистина искаже желба да замине, во трката за неговите услуги ќе се вклучат Барселона и Реал Мадрид, пишуваат шпанските медиуми

ljorente-500

Со оглед на тоа дека напаѓачот сака да обезбеди место во шпанската репрезентација за СП во Бразил следната година, се чини дека заминувањето од Јувентус и преселба во тим во кој би имал поголема минутажа е најдобрата варијанта.

Наспроти овие информации, челните луѓе на Јувентус демантираат дека има било какви проблеми со Љоренте.

-Ние со него потпишавме четиригодишен договор и се разбира не може да очекувате за еден или два месеци да покаже што знае. Ние веруваме во него, порача спортскиот директор на Јувентус, Бепе Марота.

Минатата сезона во дресот на Атлетико Мадрид Фернандо Љоренте одигра 26 мечеви и постигна само 4 голови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top